Изгубил контрола над автомобилот, па удрил во ограда- четири лица повредени во гостиварско

Вчера околу 23 часот и 40 минути на локалниот пат  село Зубовце – село Дебреше, гостиварско, Џ.А.(23) од село Врапчиште, гостиварско, управувајќи патничко возило „мицубиши пајеро“, со гостиварски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и удрил во ограда.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот А.М.(24) од с.Врапчиште, додека возачот и сопатниците Е.З.(23) и Ч.Ш.(24), двајцата од с.Врапчиште, се здобиле со телесни повреди.

Тие биле пренесени во Ургентен центар во Гостивар за укажување лекарска помош.

Увид на местото извршиле полициски службеници од Полициската станица Гостивар. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.11.2019 - 10:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега