Измерени 10 сантиметри снег - Снегот стигна во Македонија

Највисока снежна покривка од 10 сантиметри утрово е измерена на Попова Шапка и во Маврови Анови, а четири сантиметри се измерени во Лазарополе.

Температурите на воздухот утрово секаде во земјава се над нулата, 1 степен е измерен во Берово, 2 во Крушево, 3 во Струмица, Тетово и Крива Паланка, 4 во Скопје, Охрид, Битола, Куманово, 5 во Претор, Штип, 6 во Виница, 7 во Гевгелија и 9 во Демир Капија.

Времето денеска во земјава ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Во попладневни часови постепено ќе престануваат. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11 степени.

Во Скопје ќе биде  претежно облачно со повремен дожд. Ќе дува слаб јужен ветер. Доцна попладне и кон крајот на денот врнежите ќе престанат. Максималната температура ќе достигне осум степени. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.01.2020 - 08:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега