Извештај на ФБИ: Албанија била нападната 14 месеци

 

ФБИ и Американската агенција за кибернетска и инфраструктурна безбедност објавија извештај за иранските сајбер напади врз Владата на Албанија.

Според извештајот, хакерите биле присутни во албанскиот систем 14 месеци и вклучиле деструктивен „малвер“.

Гигантот за сајбер безбедност „Мандиант“ за Албанијан пост“ истакна дека хакерите ги избришале владините податоци од системот, што албанската влада претходно го демантираше и ја информираше јавноста дека податоците не се избришани, бидејќи системот не функционира така и ги чува сите документи.

Шефот на анализата за сајбер шпионажа на „Мандиант“, Бенџамин Рид, чиј тим следи и известува за шпионски групи од Кина, Русија, Северна Кореја и многу други земји, објасни дека во извештајот на ФБИ се споменува „голема количина на податоци што биле избришани од владината мрежа. ”

Рид нагласи дека е тешко да се каже колкав бил целокупниот обем на нападот.

„Врз основа на она што го кажува извештајот, јасно се сугерира дека напаѓачите имале пристап до голем дел од мрежата“, рече Рид.

Како што пренесуваат албанските медиуми, според анализите на најдобрите експерти на „Мандиант“ нема сомнеж дека имало масовно бришење на податоци.

23.09.2022 - 19:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега