Извршен претрес и кај обвинителката Лиле Стефанова

Во рамки на истрагата која ја отвори Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција извршен е претрес во домот на обвинителката во СЈО, Лиле Стефанова, дознава „Плусинфо“ неофицијално.

Таа го води предметот „Империја“ кој СЈО го отвори во ноември лани.

Во истрагата за примање награда за противзаконито влијание осомничени се Бојан Јовановски – Боки 13 и бизнисменот Зоран Милески – Кичеец. Боки 13 е осомничен и за перење пари, а ОЈО За двајцата се побара притвор.

 

Засега завршен е распитот само на Кичеец кој, веќе добил притвор, а распитот на Боки 13 е се уште во тек.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.07.2019 - 23:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега