Ја надмина и „Despacito“: Оваа песна штотуку влезе во музичката историја

Можеби е неговиот единствен хит, но затоа има „хитиште“.

Имено, раперот Лил Нас Х и неговата „Old Town Road“ која ја изведува заедно со Били Реј Сајрус официјално „седна“ на тронот на најпродавани песни во историјата на RIAA (Recording Industry Association of America или Здружение на дискографската индустрија во Америка). 

Раперот со овој хит од 2019 година до денес 14 пати достигна платинест тираж, со што од врвот на листата ги симна хитовите „All of Me“ на Џон Леџенд и „Despacito“ на Луис Фонси, Деди Јенки и Џастин Бибер.

Тој со историскиот успех се пофалил и на Твитер.

Инаку, песната во 2019 година постигна рекорд во катерогијата на песна која најдолго останала на првото место на Билбордовата листа (19 недели), а потоа од првото место ја симна песната „Bad Guy“ на Били Ајлиш.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.01.2021 - 11:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега