Ја нарекуваат гениј во шоу-бизнисот: Од домаќинка стана главна на естрадата - сите сакаат да ја знаат нејзината тајна

Некогаш работела во дуќан и била стјуардеса, а денес е мега менаџерка, која од своите деца направи милионери. За почетоците на Крис Џенер проговори нејзиниот поранешен дечко во новата книга за семејството Кардашијан. Таа отсекогаш копнеела по богатсво и слава.

Дури ни тие кои не го следат шоу бизнисот и таблоидите, невозможно е да не знаат која е Крис Џенер. Толку често ја има во медиумите, што тешко е да ја избегнете.

Познатата мајка и глава на семејството Кардашијан, позната е и под прекарот „мамаџер“, а во светот на богатите и славните се проби благодарение на бракот со адвокатот Роберт Кардашијан.

Меѓутоа, пред сета слава и богатство, како и сите успеси што ги стекна со реалното шоу „Keeping Up With The Kardashian“, Крис живеела прилично едноставен и скромен живот.

Во младоста, таа работела како продавачка во продавница. Подоцна станала стјуардеса, но отсекогаш тежнеела кон богатство и нешто повеќе.Сега, кога Крис има 62 години и нејзината вредност се проценува на 60 милиони долари, може да се каже и дека успеа во тоа.

 

За книгата 'The Kardashians: An American Drama", отворено проговори нејзиниот поранешен дечко Алфред Гарсија, откривајќи малку познати детали за нивната врска, а особено за животот на Крис во тоа доба. 

Година дена пред венчавката со адвокатот Роберт Кардашијан, таа направила фото-сесија со Алфред, за која се надевала дека ќе ја прослави, бидејќи премногу посакувала да стане манекенка. Но, без влакна на јазикот, Алфред вели дека денешната ѕвезда на реалното шоу, баш и не била надарена за манекенство.

Убеден е и дека се вработила како стјуардеса, само за да добие прилика за запознавање на луѓе. И нејзината блиска пријателка признава дека тогаш Крис лесно ги привлекувала богатите мажи, како и дека не постои таков што не се завртел по неа.

И после прекинот на врската, Крис и Алфред останале во добри односи, до таа мера што таа го ангажирала да ја фотографира нејзината свадба со Роберт Кардашијан.

 

Дури со споменатата свадба, на оваа мајка на шест деца ѝ се исполнило она што претходно не успевала да го оствари. Но, ниту тоа не било лесно и без трње.

Роберт ја оставил Крис на неколку месеци, заради неговата врска со Присила Присли, поранешната сопруга на Елвис, кралот на рокенрол музиката. А, откако врската со неа не успеала, адвокатот пак ѝ се вратил на Крис. Останатото е историја.

Меѓутоа, таа ништо не препуштила на случајноста. И при раскинувањето, му се јавувала на Кардашијан секоја вечер, затоа што очајнички сакала да се омажи за него. Загрижена била дека можеби тој ќе ја одбере Присила наместо нејзе.

По нивната венчавка, многумина мислеле дека двајвата засекогаш ќе останат заедно. Медениот месец го поминале во Париз и сѐ изгледало идилично.

 

Но, парот се разделил, бидејќи Крис го изневерувала Роберт, а набрзо потоа се премажила за Брус Џенер, кој пред две години го промени полот и стана жена.

Во прдолжените од книгата, Гарсија додава дека Крис отсекогаш излегувала со луѓе кои имаат пари и висок статус во општеството.

Никогаш не ми кажа самата, ама знам дека постојано очекуваше да ѝ се случи нешто големо.“ – се присетува Гарсија, кој вели дека не бил ни малку изненаден кога Крис одлучила да се венча за Кардашијан.

Во последната декада, пак, таа од презимето Кардашијан направи бренд, а децата ѝ се милионери.

Таа денеска полни 64. години. Неколку денови пред роденденот на малите екрани во разговор со пријателката открила еден од најголемите скандали кои се врзуваат за неа, а се однесува за таткото на нејзината ќерка. 

Крис и нејзината династија се инспирација за многу жени, кои налик на неа, амбициозни се и не се задоволуваат со трошките на животот.

Дали сте и вие едни од нив?

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.11.2019 - 12:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега