Ја повлекол чантата на претставничка на Изборен одбор и фотографирал - едно лице уапсено на гласачко место

Од отворањето на гласачките места до сега е регистрирано едно нарушување на јавниот ред и мир, соопшти на прес конференција портпаролот на МВР Тони Ангеловски.

„Во избирачко место во ОУ „Петар Поп Арсов“ во Скопје В. Ш. (47) го нарушил јавниот ред и мир со тоа што започнал расправија со претставници на избирачкиот одбор и во еден момент ја потегнал за чантата претставничката на избирачкиот одбор и со неговиот мобилен телефон ја фотографирал просторијата. Лицето е лишено од слобода, за што е известен дежурен Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство од Скопје“, соопшти Ангеловски.

Гласањето на другите избирачки места се одвива мирно, со почитување на протоколите на гласачките места, а од неправилности што се пријавени во МВР има неколку случаи на агитирање, испишани графити на избирачки места, организиран превоз на гласачи до гласачки места, а има и неколку пријави за наводно нудење пари за глас.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.07.2020 - 14:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега