Јајоска: Над 100.000 граѓани заложници на хировите на Арсовска, мостот на булеварот АСНОМ сѐ уште не е во функција

Рената Јајоска, советничка во Советот на Град Скопје, кажа дека мостот на булеварот АСНОМ кој треба да ги поврзе Аеродром и Гази Баба уште не е во функција и за тоа ја обвини градоначалничката, Данела Арсовска.

„Почитувани,
 
Над 100.000 граѓани на Скопје, од Аеродром, Гази Баба, со месеци се заложници на хировите на градоначалничката од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска.
 
Мостот на булеварот АСНОМ кој ги поврзува Аеродром и Гази Баба се уште не е во функција.
 
Мостот е проект на минатата локална власт од СДСМ, од исклучително значење за намалување на сообраќајот, олеснување на комуникацијата на граѓаните во овој дел од градот.
 
Веќе е направен технички прием на мостот, но никако да се стави во употреба.
 
Дали причината е тоа што мостот е на проект на претходниот градоначалник? Или можеби фактот што Арсовска најави дека ќе ги прекине проектот па по притисок на јавноста сепак го продолжи?
 
Како и да е тоа граѓаните не ги интересира.
 
Граѓаните не заслужуваат ваков арогантен, недоговорен однос од страна на Данела Арсовска.
 
Арсовска треба да ја надмине својата суета, бидејќи се работи за голем и значаен проект за граѓаните.
 

 

Мостот на булеварот АСНОМ треба да биде ставен во функција што поскоро, бидејќи тоа значи унапредување на квалитетот на живот и намалување на сообраќајниот метеж во главниот град“, кажа Јајоска.
06.06.2022 - 14:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега