Јакимовски: Ја растуривме државичката што Тито ни покажа како се води

Излегов вчера со цел да знаат граѓаните кои се ни се во администрацијата. Какви ни се овие службеници, такви имаме и медицински сестри и доктори по болниците. Ние партиите ја растуривме државичката што Тито ни покажа како се води и се однесуваме крајно неодговорно. Таму е госпоѓа која што работела претходно како кројачка, како касиерка и дури 2018 година има диплома за средно шумарско училиште. Што бара тогаш во администрација?, вели лидерот на ГРОМ и градоначалник на Карпош, Стевче Јакимовски за немилиот настан при кој членови на неговото семејство наместо извод на матична книга на венчани, добија извод од матична книга на починати.

 

Според него, има голем број вакви пропусти и како што вели, ова е траорна ситуација благодарени на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

Вели дека го прифаќа извинувањето на Управата за водење на матични книги, но апелира дека на ваквата ситуација мора да ѝ се стави крај.

-Затоа се кандидирав, затоа се борам, дајте да престанеме со овие работи. Ќе биде корегирана грешката, рече Јакимовски во емисијата „Студио 10“.

13.03.2024 - 10:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега