Јакимовски: Мицкоски заслужи да му удрам бокс, а не коалиција да раскинам

Стевче Јакимовски, градоначалникот на Карпош, при денешното гостување во „Студио 10“ на „ТВ24“ кажа дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заслужил да добие бокс.

„Го трпев и за мене што зборуваше. Стевче е болен човек, ќе умре, мртов политичар. Тој заслужи да му удрам бокс, а не коалиција да раскинам. Односот кон мојата партија го трпев, но кога станува збор за граѓаните, тоа не може да го поминеме“, кажа Јакимовски.

Јакимовски вчера објави дека ја раскинува коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ во Општина Карпош.

09.06.2022 - 17:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега