Јакимовски: Партиската зграда на ВМРО-ДПМНЕ е најголемото бетонско чудовиште во Македонија

Зборуваат за бетонски чудовишта, а што е ова позади нас ако не е бетонско чудовиште кое претставува најголема бетонизација на квадратен метар во Република Македонија, праша градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски на денешната прес конференција што ја одржа зад партиската зграда на ВМРО-ДПМНЕ, како реакција на вчерашните најави од советниците во општина Карпош од оваа политичка партија дека ќе го блокираат носењето на Буџетот за 2024 година со 4.000 амандмани за да спречеле „носење на криминални дупови кои ќе се изродат во нови бетонски чудовишта во Карпош“.

Јакимовски покажувајќи и на јавноста на што личи локацијата во строгиот центар на Скопје на која е изградена зградата во која е сместен партискиот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, јавно праша кој овде има налудничав проект?

„Јас само сакам да прашам, кој овде има налудничав проект? Оној што предлага современи градби, со решено паркирање, со места за пензионерите со спорт и рекреација, со 50% од изградбата да е зеленило, со најсовремени подземни сообраќајници или ова здание зад нас, погледнете дали се ова премини или ова е обичен ходник?, праша Јакимовски.

Градоначалникот на Карпош исто така истакна дека советниците од оваа партија и нивниот лидер поддржуваат само вакви урбанистички решенија, наместо современи проекти.

-Гледате ли сега во какво бетонско чудовиште ова се изроди, каде готово целата парцела е искористена да се изгради ова седмокатно чудовиште во кое што мало им беше чудовиштето што го направија па изградија и кула, рече Јакимовски.

13.12.2023 - 14:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега