Јакимовски: Во судот ме чекаа 15 камери, јасно дека се организирани од еден центар

„Повеќе од две години сум по судските врати и никогаш немало медиумска заинтересираност. Денешното рочиште беше медиумски однапред најавувано и пред судот и внатре ме чекаа 15-тина камери. Јасно дека се организирани од еден центар. Па нели вака правеше режимот?
Очекувам и наративот во извештаите да биде со иста или слична содржина“- вака реагира новиот градоначалник Стевчо Јакимовски, во однос на денешното медиумско присуство во судот на социјалната мрежа фејзбук.
 
 
„Јасно е дека некој не може да се помири со поразот на локалните избори. Откако одлучив да се кандидирам на 16 февруари 2013 година до денес ми претат со затвор и постојано се обидуваат да ја остварат својата цел. Нема проблем ние ќе одиме по затвори, ако треба и да умреме, да молчиме, само тие да не работат, да уживаат, да седат по кафани и да си земаат тоа што мислат дека е нивно.
Е сега повторно сме им криви и јас и народот.
Јасно ми е како ден, секој ден ќе ме плукаат, ќе ме навредуваат, ќе ме прогонуваат како што правеа од 2013 до 2017 година, ќе држат пресови и протести пред вратите на општината и пак ќе бидам црн ѓавол, а јас им пружив рака и јавно им пратив покана за соработка.
Нека тие мене со камења а јас нив со леб!“-се додава во Фејзбук статусот.
 
Инаку, Јакимовски денеска седна во обвинителна клупа за случајот во кој е обвинет за злоупотреба на службената положба и овластување.
 

 

05.11.2021 - 11:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега