Јанакиески тргнал од притвор и стасал до суд но рочиштето се одложило

Миле Јанакиески бил спроведен во Основниот суд Скопје 1, но рошиштето за „Топлик“ веќе се одложило. Директорот на Истражниот затвор во Шутка, Есад Рахиќ во изјава за МКД.мк вели дека лично тој ја потпишал наредбата за спровод на обвинеитот Јанакиески, но дека спроводот задоцнил.

- „Наредбите за спровод на обвинетиот Јанакиески и за другото обвинето лице стасаа од судот во затворот и ги потпишав јас лично. Двајцата осуденици со едно возило требаше да бидат однесени до Основниот суд Скопје 1, но едниот од нив, односно Димовски се пожали дека не му е добро. Поради овие причини додека да му се среди состојбата малку почекавме и потоа со кратко задоцнување двајцата беа спроведени на суд, но рочиштето веќе било одложено“, изјави директорот Рахиќ за МКД.МК.

Тој додава дека никој од судот, ниту пак судијата Шабани не го исконтактирал за да го праша до каде е спроводот за овие две обвинети лица.

За потсетување, неделава беше однесен во болница откако се пожалил на болка и му се влошила состојбата.

Директорот на билницата за Сител потврди дека Јанакиевски околу 19 часот бил примен во Ургентниот центар со болка во бубрезите, апо направеното ехо, лаботаториски анализи и снимање на рендген и преглед од уролог, примил терапија.

Затворската полиција потоа го вратила назад во затворот во Шутка.

Вчера неговиот адвокат кажа дека состојбата му се влошува.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.07.2019 - 13:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега