Јанчев: Јас сум дел од ВМРО-ДПМНЕ

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев за Пресинг ТВ по првиот круг од претседателските избори кажа дека не е исклучен од ВМРО-ДПМНЕ.

- Ќе одговорам политички. Јас сум член на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалник на Кавадарци и дел сум од партијата. Само сум разрешен од партиската потпретседателска функција, изјави Јанчев.

Тој кажа дека гласал за Гордана Силјановска Давкова во претседателската трка, но вели дека главен мотив му било да успеат самите претседателски избори и да се постигне излезност.

Вели дека не се уште не се помирил со лидерот на најголемата опозициска партија Христијан Мицкоски.

Во првиот круг од претседателските избори Сиљановска Давкова во Кавадарци освои 9.268, а Стево Пендаровски 7.883 гласа.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.04.2019 - 18:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега