Јанчев: За државата е добро што Мијалков се јави во Обвинителството
Позитивно е тоа што поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков реши сам да се пријави во Обвинителството да го земе решението за куќен притвор, изјави градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев во своето гостување во Студио 10 на ТВ 24.
„За државата најдобро е што Мијалков се јави во Обвинителство и се соочи со правдата. Ова покажа дека и политичарите носат општествена одговорност. Сега тој ќе каже каде бил тие два дена, дали имал толкава температура“, истакна Јанчев.
24.02.2021 - 11:48
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа