Јанчева: Арсовска е против интересите на Град Скопје, поништи огласот со кој требаше да се вработат нови 20 пожарникари!

„Данела Арсовска го поништи огласот со кој требаше да се вработат нови 20 пожарникари во Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.
Овој однос на деструктивната Арсовска е против интересите на граѓаните на Град Скопје и на штета на Бригадата за противпожарна  заштита“, вака реагираше утринава Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје. 
 
Јанчева кажа дека бил очигледен недостигот од пожарникари во Град Скопје, дополнително, работните позиции се празнат и со редовното пензионирање, со што се зголемува потребата од нов млад кадар во Бригадата за противпожарна заштита, допони таа.
 
„Но очигледно тоа не и е важно на Арсовска, која заради лични каприци  поништува јавен оглас кој беше на крајот од процедурите и со кој требаше да се вработат 20 нови пожарникари. Во изминатите четири години Град Скопје, раководен од Петре Шилегов и СДСМ, сериозно инвестираше во унапредување на условите за работа на пожарникарите.
Платата на пожарникарите се покачи за 20 отсто, а се инвестираше во нова современа опрема за поголема заштита и поефикасна работа на пожарникарите“, кажа Јанчева.
 
 

03.12.2021 - 13:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа