Јанева добивала бонуси од 4.000 евра месечно за доверливост

Новата апликација на Министерството за финансии „Отворени финансии“ открива дека поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, за време на својот мандат, зела вкупно 157.000 евра надвор од редовната плата кој отпрлика била нешто над 3.500 евра месечно.

Овие 157.000 евра во периодот од нешто повеќе од 4 години Јанева ги добивала како додаток за доверливост – да не открива што чула во „бомбите“, јавува Призма.Најголемиот дел од бонусот е додатокот за доверливост што ѝ бил исплаќан под контото „други трансфери“ кој срател од 1.600 евра, па 2.200 и сѐ до 4.000 евра неколку пати во текот на секоја година или вкупно 46 пати.

Катица Јанева од пред два дена е во домашен притвор, а е обвинета за случајот „Рекет“, заедно со Бојан Јовановски – Боки 13 за рекетирање на бизнисменот Орце Камчев. 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.11.2019 - 12:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега