Јанева: СЈО не потфрли во работата

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, денеска истакна дека со целокупната работа, не може да се каже дека СЈО  потфрлило во својата работа.

Таа вели дека со работата остануваа посветени на мандатот, предметите кои ги водат и да обезбедат што повеќе докази, пренесе ПресингТв.

 

Неодамна настана хаос околу СЈО за кој опозицијата и власта не можат да се договорат. - Имам позитивни сигнали дека Законот за јавно обвинителство ќе биде  донесен во најбрз можен рок и ќе видиме како Специјалното јавно обвинителство (СЈО) ќе продолжи да работи. Меѓународната заедница дава јасни насоки, а и власта, освен опозицијата, која е лично засегната. изјави вчера специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, одговарајќи на новинарски прашања пред настанот што се одржува во Клубот на пратеници во Скопје.Таа додаде дека Антонио Милошоски од ВМРо кој е вклучен во процесот се занесува многу во своите изјави.

На ова не и остана должен ни тој, па се огласи на Твитер.

 

Веќе со месеци партиите не можат да се договорат околу законот за СЈО.

 Настана хаос неодамна и околу амандманите за Законот кои ВМРО тврдеше дека до Правда ги пратиле во текот на работното време, а СДСМ дека стигнале подоцна.

-  ВМРО-ДПМНЕ ги поднесе предлог  амандманите во насока на подобрување на предлог законот кој е клучен за правосудните органи во Република Македонија.ВМРО-ДПМНЕ смета дека на македонското правосудство им се потребни вистински реформи кои ќе бидат во согласност со меѓународното право, праксата на меѓународните судови и конвенциите заштита на човековите права, а не фингирани реформи за кои што се бори криминалниот картел на СДСМ, Заев и Десковска, велат од партијата.

Од друга страна, СДСМ тврдат дека не стигнале тогаш туку по дуелот Заев-Мицкоски.

- Во директен пренос Мицкоски лажеше дека поднеле амандмани во хартиена форма Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се фатени во нова лага. На вчерашниот тв дуел, Мицкоски во директен телевизиски пренос лажеше пред граѓаните дека неговата ВМРО-ДПМНЕ поднела амандмани за Законот за јавно обвинителство. Мицкоски лажеше дека ВМРО-ДПМНЕ до Министерството за правда во хартиена форма поднела амандмани за Законот. Потоа, ВМРО-ДПМНЕ лажеше дека поднеле амандмани преку меил во 16:19. Што се однесува до амандманите поднесени електронски преку меил, истите стигнале во 20:19, откако беше откриено дека Мицкоски лаже за амандманите, велат од партијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.06.2019 - 19:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега