Јаневска: Финансиска помош за основците и средношколците нема од декември


Со оглед на тоа дека се ближат избори и веројатно изјавата на Пендаровски дека офицерите не смеат да реагираат и на штипење и изјавата на Ковачевски дека го нема Артан Груби да го крене микрофонот многу повеќе ја брануваат јавноста од настаните во образованието. Но она што се случува во образованието секако е многу поважно од гафовите или смислените изјави на овие двајца политичари во заминување, изјави на денешната прес-конференција Весна Јаневска од ВМРО-ДПМНЕ..

Ќе почнам со информацијата дека финансиската помош за учениците од основно образование е исплатено за декември, а денес е 13-ти март, а за средношколците не е исплатена ниту за декември, рече Јаневска.

„Студентите бараат навремени исплати на стипендиите, дигитализација на универзитетите и замислете лифтовите да функционираат.

Во Тетово токму сега им текнало да го преименуваат текстилното училиште од „Гоце Стојчевски“ во „Кард Гега“.

Одредени училишта со одредени директори токму сега одлучија да ги одведат учениците во посета на претседателот Пендаровски иако имаат можност да ги одведат и во Собрание. Злоупотреба? Одлучете сами.

Наставници реагираат дека ученици не одат на настава поради рамазанските пости. Во секуларна држава ученици не одат на настава заради верски обврски? Министре, претпоследни се на ПИСА, сакате да бидат последни?, прашува Јаневска.

„Родители се жалат дека учениците со попреченост и посебни образовни потреби се занемарени и дискриминирани во регуларните паралелки. Ниту се интегрирани во одделението, ниту поедини наставници им обрнуваат внимание. Ги обучивте наставниците, колку пари потрошивте?

Регионалниот центар за средно стручно образование во Куманово 4 години спроведува онлајн настава. На пример фармацевт годинава завршува средно стручно образование во Регионален центар за средно стручно образование кој нема клупи, столчиња и табли, а не пак лаборатории. Министре знаете?

Дополнително Ви ја споделувам информацијата која вели дека едно училиште од Куманово дозволило 6 дневна екскурзија на наставничките по повод 8 Март. Шест дена децата губат настава и нормално е родителите да реагираат. Се прашувам по кој закон и кој дозволил вакво нешто. На 8 Март во 12 часот јас лично ги видов вработените од МОН како со куферчиња и патни торби чекаат автобус да ги носи на прослава. Го прашувам министерот Шаќири кој ја плати екскурзијата во Струга и дали со тие средства, дури и да биле спонзорство не можеше да докупи барем уште една смарт табла, а според бројот на дамите кои ги видов пред МОН можел да купи многу повеќе од една.

После се министре Шаќири, Ве прашувам дали е вистина дека висок службеник во МОН (патем кадар на СДСМ) ги повикува вработените и ги прашува за кого ќе гласаат. Ако е вистина што преземавте во врска со тоа?

Повторувам, висок службеник прашува вработени за кого ќе гласаат, шеф свои подредени. Вистина ли е?

Доволно е, нема повеќе да набројувам. 

Навистина се ближат избори и добро е, зошто со вакво образование не последни во регионот и во Европа, ќе станеме последни во светот.

Министре се уште сте министер и наближувањето на изборите не Ве амнестира од одговорноста. Уште малку почитувани, само уште малку.

Важно е да имаме силно образование и ќе го имаме“, истакна Јаневска. 

13.03.2024 - 12:57

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега