Јаневска: Со УНИЦЕФ заедно градиме воспитно-образовниот систем каков што заслужуваат младите

Министерството за образование и наука и УНИЦЕФ ќе ја продолжат досегашната плодна соработка насочена кон обезбедување квалитетно образование на секое дете.

На средба со претставничката на УНИЦЕФ Лесли Милер, министерка за образование инаука Весна Јаневска ја потврди личната и посветеноста на новата Влада кон  градењедржава во која младите луѓе ќе сакаат да останат да живеат и да работат. Темелен аспект во оваа насока е обезбедувањето опипливо подобрување на воспитно- образовниот систем.

Двете соговорнички споделија видувања за стратешките предизвици пред кои во моментов е исправено македонското образование и кои се активностите и мерките што се предлагаат за нивно надминување. Министерката Јаневска ја нагласи потребата за континуитет на досега преземените реформи во образованието како и за промени на решенијата за кои има јавно незадоволство. Таа укажа дека сите ревизии ќе се направат преку широки јавни расправи и со вклученост на сите релевантни чинители.

Во услови на брзи промени на светот во кој живееме, водени од иновациите и технолошкиот развој, неопходно е да посветиме посебно внимание младите да стекнат напредни информатичко-комуникациски знаења и вештини, посочи министерката Јаневска, додавајќи дека искрено сметаат на поддршката на УНИЦЕФ во реализирањето на заложбите.

10.07.2024 - 16:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега