Јанушев: 640 милиони евра за субвенции, 80 милиони евра за наводнување и 50 % финансирање на набавка на нови грла добиток

Македонија е земја со силен земјоделски потенцијал. Со години земјоделието е потценето, а земјоделецот е оставен на раб на егзистенција. Земјоделскиот потенцијал на Македонија мора да биде искористен, тоа е сектор од во кој многу наши сограѓани може да најдат работат или отворат свој бизнис. Се обврзуваме на обнова на земјоделието,  и воведување светски пракси, кажа генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

„Во таа насока планираме 640 милиони евра само за субвенции. Дополнителни 80 милиони евра за изградба на нови системи за наводнување, како и 50% финансирање за набавка на нови грла овци и друг вид добиток од традиционалните сточарски гранки.

Нема да дозволиме земјоделците да плачат и да се мислат како да го прехранат семејството затоа што родот им го уништиле временските непогоди. 

Во таа насока се обврзуваме на покривање на 70% од осигурувањето на нивните посеви и насади.

Сточарите ќе ги помогнеме и со намалување на ДДВ за ветеринарните услуги. 

Ќе го вратиме достоинството на земјоделецот.

Исправи се Македонијо!

 

Одбери обнова“, кажа Јанушев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.07.2020 - 14:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега