Јанушев од Свети Николе: Парите од рекетот наместо кај народот завршија во приватни џебови, земјоделците трпат

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев и носител на ИЕ 3 од Свети Николе порача дека на 15-ти јули народот ќе ја дигне главата, ќе ја исправи кичмата и ќе си дојде по своето. Кога народот си доаѓа по своето лошо им се пишува на Заев, Николовски и СДСМ.    

-Три години живееме во апатија, безидејност, деморализираност. Не натераа да живееме со подвиткана кичма, со наведната глава. Но, на 15-ти јули рано насабајле сите да излеземе онака референдумски и да им го трасираме патот во историјата. На темната страна на историјата и да раскрстиме со сите лоши политики и политичари. Ги слушаме овие 20-тина дена како зборат дека можеле. Но, тие само можеа да не крадат, можеа да не лажат, можеа да не распродадат се што е македонско, можеа да мислат малце за народот, можеа парите наместо со Луј Витон ташна оние милиони да ги земат за себе, да ги дадат на народот. Можеа да не ги местат сите тендери, можеа да не нарачуваат палење на автомобили. Можеа многу да направат, ама драги мои за жал не направија ништо. Единственото што го направија милсеа на самите себе, како повеќе да украдат, како повеќе да го излажат народот и како повеќе да ја продаваат Македонија и македонските интереси. Но, ние од тука од Свети Николе им кажуваме дека е доста! Ќе ве победиме на 15-ти јули и ќе работиме на враќање на македонското достоинство, порача Јанушев.

Тој се осврна на земјоделието пред жителите на Свети Николе и им вети дека мора да се врати достоинството на земјоделецот.

-Ќе работиме да земјоделецот биде горд и да биде задоволен и да му се цени трудот. Луѓето кои што не хранат и што ја хранат државата мора да бидат на прво место. Не само со обезбедување на субвенции, не само со 160 милиони годишно, туку и навремена исплата на субвенциите. Секој еден да има извесна иднина и ние тоа го можеме. Се што е ставено во програмата "Обнова" е наша обврска и наш завет. Кажете една работа што ја направил Љупчо Николовски за земјоделецот тука во Свети Николе овие три години. Проба една година и тоа го оплеска и се сокри позади политичка функција. На таквите политичари време им е да заминат на темната страна. А по носењето на законот за потекло на имот ќе видиме кои од тие политичари ќе останата на политичката сцена, рече Јанушев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.07.2020 - 21:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега