Јанушев: Охрабрете се и оградете се од Зоран Заев додека има време

Охрабрете се и оградете се од Зоран Заев додека имате врем, сите ќе ве пушти „низ вода” само да проба да се спаси, вели Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев, обраќајќи се до Катица Јанева, Фросина Ременски и сите останати вмешани.

-Водачот на криминално-рекетарската банда на власт – Зоран Заев вели дека добил информација за кои лица се однесува, а дека се работи за потпретседател на Собранието, слушнал од новинарите. Нивниот став бил дека секој пат кога лице е осомничено или обвинето, да преземеле мерки и санкции за времено отстранување на тоа лице, се додека не си ја докаже својата невиност. Кој сте тоа вие кои преземате мерки и санкции??? Па добро бре, има ли некој околу овој траги-комичен лик кој ќе му каже што и како да каже (лаже)???, пишува Јанушев.
Јанушев прашува и „Дали сериозно мислите дека оваа „претстава” минува?“

–Ве предупредивме да не си „играте”, ви кажавме дека ќе ве пуштаат „низ вода”, прва беше Катица Јанева, сега е Фросина Ременски, за некое време ќе има уште, зар не го „научивте” Заев? Сите ќе ве пушти „низ вода” само да проба да се спаси! Заев е криминалец, аболициран, два пати, човек без скрупули, охрабрете се и оградете се од него додека имате време! А, време нема многу, месеци се во прашање!, пишува Јанушев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.10.2019 - 17:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега