Јанушев: Оној што ќе биде партнер во власта со нас ќе треба да ја прифати нашата пограма

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, очекува победнички изборен резултат и мандат за формирање Влада, изјави генералниот секретар на партијата Игор Јанушев во интервју за „А1он“.

„Оној што ќе биде партнер во власта со нас ќе треба да ја прифати нашата пограма тоа е прво што ќе го побараме од сите партии. Изборот на коалициониот партнер сепак ќе зависи од изборниот резултат. Кој ќе биде и со кого, ќе видиме за неполна една недела кога ќе започнат и разговорите со партиите“, рече Јанушев за „А1он“.

Според изнесеното на Јанушев, ВМРО-ДПМНЕ за сега нема јасен став околу Преспанскиот договор кој партијата до пред неколку месеци го нарекуваше предавнички и срамен договор. Генералниот секретар на партијата вели дека тие како партија не се откажуваат од борбата за македонскиот национален идентитет , но не кажа конкретно што ќе превземат по оваа прашање.

„Дали ќе има промена и каква промена буквално сега нема жив човек што ќе ви даде одговор. Наше е како ВМРО-ДПМНЕ да ја продолжиме таа битка, бидејќи секогаш сме биле на браникот на татковината. Како што ја водевме кога Заев и неговите ги правеа сите овие предавства ќе ја продолжиме и сега. Ако порано се бореле со пушки и пиштоли, ние сега имаме друга борба преку демократските капацитети на институциите дома и во странство. Дали таа борба ќе доживее плод по пет, по десет години, шест месеци или 50 години тоа само историјата може да го покаже “, изјави Јанушев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.07.2020 - 13:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега