Јанушев: Редовна исплата на субвенциите и зголемување на финансиската помош на 1500 денари по грло добиток

Носителот на листа на изборната единица 3 и генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев денеска е во посета на општина Свети Николе и светиниколско.

Јанушев ја посети и фирмата Бониер, каде што разговараше со сопствениците за нивните потреби во сточарството кои што ќе се реализираат по 15 јули со доаѓање на ВМРО-ДПМНЕ на власт.

Бевме во посета на фармата „Бониер“. Заедно со сопствениците разговаравме за нивните потреби, она што мора да се направи после 15 јули за оваа гранка.

Јанушев вети дека новата влада на ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на редовна исплата на субвенциите, олеснат пристап до ИПАДР фондовите, поддршка на инвестиции за воведување на систем „капка по капка“и други системи за ефикасно и економично користење на водата, како и дека во делот на  овчарството ќе биде зголемена поддршката на основната мерка за 50%, односно од сегашните 1000 денари по грло ќе се исплаќа по 1500 денари по грло.

Во програмата се обврзуваме на редовна исплата на субвенциите, на олеснет пристап до ИПАРД фондовите, поддршка на инвестиции за воведување на систем „капка по капка“ и други системи за ефикасно и економично користење на водата, за овчарството ќе биде зголемена поддршката на основната мерка за 50%, односно од сегашните 1000 денари по грло ќе се исплаќа по 1500 денари по грло.

Ќе бидат поддржувани проекти за набавка на механизација и опрема за примарно земјоделско производство, проекти за подигнување на нови и реконструкција на постоечки повеќегодишни насади и помош за набавка на добиток од основно стадо, напиша Јанушев на својот официјален фејсбук профил.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.07.2020 - 16:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега