Јанушев: ВМРО-ДПМНЕ се откажа од потпретседател во Собранието, нема потреба од 5 потпретседатели тоа е само дополнителен трошок

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев, во гостување во централниот дневник на Сител, вели дека ВМРО-ДПМНЕ нема да предложи потпретседател на Собранието, посочувајќи дека тоа е непотребен трошок кој што ќе го плаќаат граѓаните.

„Јавно кажавме од собраниската седница дека е премногу и дека е непотребен трошок сето ова што се прави“, истакна Јанушев, додавајќи:

 „Впрочем  ако видиме во минатото никогаш не било вака, дополнително само ќе се зголемат трошоците кои ги плаќаат граѓаните, а најголем од тие дури и да ги имаме 5 потпретседатели никогаш нема да седнат на спикерското столче“.

На прашањето, дали ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува на седницата во која ќе се дискутира за новиот состав на владата, Јанушев изјави дека ќе се спротивстават на лошите политики кои ги спроведува СДСМ и Заев, додавајќи дека кадрите кои што се понудени се стари и истрошени кадри односно како што рече тој сите се истите од претходно, оние кои дел од она криминално рекетарска банда која што буквално ја уништи државата.

 „Ќе се спротивставиме на се ова што се обидува СДСМ  да го направи повторно во државата. Го слушнавме Заев како кажува дека ова се убедливо најдобрите кадри со кои што располагаат, претпоставувам мислеше на тоа најдобрите кадри со кои што раководството на СДСМ сега располага, бидејќи речиси сите се истите од претходно, оние кои дел од она криминално рекетарска банда која што буквално ја уништи државата, и сега сакаат со буквално истите кадри да продолжат понатаму“, додаде Јанушев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.08.2020 - 20:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега