Јанушев: Во програмата е предвидено да се донесе закон каде сите политичари ќе одговараат за својот нелегално стекнат имот

„Сите кои што се занимаваат со јавни функции особено политичарите ќе треба да докажат од каде и како го стекнале својот имот, а тоа го вклучува Игор Јанушев, тоа го вклучува Зоран Заев, тоа го вклучува Љупчо Николовски, тоа не вклучуваа сите кои што се занимаваме со политика“, појасни Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 3, Игор Јанушев при своето гостување во „Утрински Брифинг“.

Јанушев додаде дека секој политичар треба да одговара пред народот но и пред законот ако се огрешил.

„Ќе се донесе закон, каде што со законски решенија ќе биде пропишано, никој нема никого да игнорира, никој нема никого да бајпасира. Напротив она што го предвидуваме во програмата меѓудругото е зајакнување на соработката и создавање на еден кохезивен систем помеѓу јавното обвинителство и ДКСК. Бидејќи она што денес го имаме со ДКСК е освен што се утврдува фактичката состојба, не можат апсолутно ништо да направат“, потенцираше Јанушев.

Јанушев посочи дека секој кој сака да се занимава со политика треба да биде чесен и отворен пред народот. И ако има направено нешто што не треба, се стекнал со незаконски имот има да одговара.

„Ќе ги земеме добрите практики од модерните европски држави каде што функционира овој систем, ќе направиме еден добар закон, односно ќе дадеме експертите да направат добар закон. Истиот ќе се донесе во Собранието. И како законот ќе налага, така и ќе се постапува, без разлика дали е некој Чомовски, Камчев, Јанушев, или не знам кој, како налага законот така и ќе се постапува“, појасни Јанушев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.07.2020 - 11:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа