Јанушев: Заев е топ-шоп мандатар, секогаш ветува дека може повеќе

Игор Јанушев повторно упати остри критики кон владата и ја нарече топ шоп влада која само нуди нови производи. Ги обвини за многуте афери кои ги имаат, тендерите и лажните ветувања. Заев го нарече топ шоп мандатар. Упати и критики кон Шеќеринска нарекувајќи ја најлош политичар и ја обвини дека во нејзин мандат, половина Армија заболела од кронавируст, на што наиде на бура од смеење од пратениците.

Јанушев не штедеше остри зброви и за Заев и неговите ветувања, но и за Филипче. Обајцата ги обвини за афери.

- Три години го слушаме како ветува и секоја година е така, вложување во култура и во истиот момент кога за културните работници нема плата, рече Јанушев.

- Како треба јавноста Филипче да ве нарекува со 600 мртви? - праша Јанушев.

Тој се осврна и на пропаѓање на Еуростандард банката.

- Еуростандард пропаѓа, а нашиот топ шоп мандатар ветува економија. - рече Јанушев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.08.2020 - 13:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега