Јапонци признаваат: Карантинот на крузерот не беше совршен

Јапонските здравствени претставници и експерти признаа дека карантинот на крузерот „Дајмонд принцес“ во пристаништето Јокохама не бил совршен.

Сепак, претставниците ја бранеа одлуката на Јапонија да пушти околу 1.000 патници по 14 дена.

Медицинските лица велат дека јапонските здравствени власти се соочиле со тежок предизвик за кој биле потребни меѓународни преговори во недостаток на утврдени правила во таква криза.

-Бродот не беше проектиран како болница. Бродот е брод, изјави поранешниот регионален директор на Светската здравствена организација Шигер Оми.

Според него, изолацијата не била идеална како што би се очекувало во болница, иако, вели, изолацијата до некаде и била ефикасна, но не била совршена.

На бродот заразени беа 690 луѓе, а тројца умреа.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.02.2020 - 21:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега