Јапонија ги брои жртвите после тајфунот Хагибис- засега 70 мртви и 15 исчезнати

Во налетот на тајфунот Хагибис во Јапонија досега погинале 70 лица, а 15 се водат за исчезнати, јави телевизијата НХК за новиот биланс на настрадани.

Повеќе од 200.000 спасувачи учествуваат во потрагата по преживеани во подрачјето каде мина тајфунот.

Тајфунот предизвика свлечишта, во кои голем број куќи се уништени и оштетени.

Хагибис во саботата зафати област што се наоѓа јужно од Токио.

Во централните и северните делови на Јапонија невремето беше пропратено со обилни дождови и силен ветар.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.10.2019 - 10:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега