Јаулески: ВМРО-ДПМНЕ како победник на овие избори очекува да земе уште еден пратеник во ИЕ 5

„Со оглед на тоа каква е ситуацијата дека ВМРО-ДПМНЕ како победник на овие избори и иден мандатар и креатор на идната влада јас сум длабоко убеден дека тој пратеник би одел на конто на ВМРО-ДПМНЕ, но сепак граѓаните ќе го кажат тоа на крај на демократски легитимен процес согласно законите, битно е процесот да биде демократски и да се заврши се како што треба“, истакна пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Јован Јаулески во гостување во „Топ Тема“ на ТВ Телма.

Тој продолжи и додаде:

„ДИК донесе одлука, нели Управниот суд ги потврди одлуките на ДИК. Имено, кога има суштествени повреди на изборниот законик во однос на ливче плус, несогласувања на терминал со гласачи. Должност на членовите на ДИК согласно законот е да го поништат тоа избирачко место и не би влегувал во тие теории на заговор дека некој на некого сака да му земе“, истакна Јаулески.

Тој истакна дека нормално и легитимно е секоја политичка партија да се бори за остварување на подобар резултат каде изборите се поништени.

20.05.2024 - 20:59

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега