Јетон Шаќири: Техничка грешка беше првичното „CV“, не станав доктор на науки на 21, туку на 29 години

Техничка грешка при поднесување на документите на мојата биографија – вака најмладиот министер за информатичко општество, Јетон Шаќири, денеска на првата официјална прес конференција, се правдаше за неверојатната информација дека докторирал на 21 година.

Иако со недели неговата биографија стоеше на сајтот на македонското собрание, Шаќири тврди дека тоа било грешка, која подоцна била исправена.

-Можам да кажам дека во пуштање на CV-то почетнички беше техничка грешка, но за ова може слободно да се уверите, само дека сакам да одговорам на ова прашање дека ќе видите на сајтот на МИОА точно мојата биографија, и после тоа во наредната прес конференција ќе ме прашувате пак кога сум станал доктор по економски науки, рече министерот за информатичко општество, Јетон Шаќири.

Во новата биографија на Шаќири што е објавена на официјалниот сајт на министерството, нема нови перформанси во однос на неговите компјутерски способности.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.09.2020 - 17:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега