Јонуз: ВМРО-ДПМНЕ е „за“ Бугарите во Уставот, но „против“ условувањата

Ако ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт во евентуални предвремени избори, нема да може суштински да смени амбиент во кој се бараат решенија и компромиси со Бугарија, вели во разговор за „Локално“, полтичкиот аналитичар Агим Јонуз.

ВМРО-ДПМНЕ е „за“ Бугарите во Уставот, но „против“ условувањата, за тоа дали Мицкоски почна да попушта, аналитичарот децидно вели дека партијата има идеално поле на политичката сцена за да ја држи актуелната ситуација во погон со Бугарите за дневно политички цели.

-Никој нема против! Воопшто не е во прашање дали може и треба да бидат вметнати во уставот, иако процентуално спаѓаат под ‘‘останати“. Арно ама, истовремено никој нема ( како Бугарите) толку интензивен напор да се наметне како нешто што може да се употреби во иднината како ‘‘Тројански коњ‘‘ за многу елементи врзани за демографската карта, а со самото тоа и со инсталирање на механизми на делување кои може да бидат на штета на стабилноста на идентитетот, интегритетот у културно-историското наследство на македонскиот народ. Бугарија никогаш нема да се повлече од прашањата врзани за историографијата со што овој проблем ке биде ‘‘ вечен‘‘. По тоа прашање Мицкоски е потполно во право, смета тој.

20.09.2022 - 18:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега