Јорданов: Двајца штипски градоначалници треба да одговараат за изборна измама

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека двајца штипски градоначалници треба да одговараат за изборна измама.

Пратеникот Иван Јорданов во „Коментар на денот“ рече дека двајца градоначалници не успеале да ги остварат изборните програми.

-Штипјани останаа без брана на река Отиња, жичара на Исарот, спортско рекреативен центар Суитлак, сала за боречки вештини, сала за кино проекција; Гасот не протече низ домаќинствата, јавните институции и компаниите; Не се направија термоизолациони фасади, ниту катните гаражи; Младите не се вратија во Штип, нема нови инвестиции, не се развија ниту постоечките индустриски зони; Земјоделците во Караорман не добија вода за наводнување на нивите, туку добија закана за запирање на водата за пиење, рече Јорданов.

Според него, немало напредок во ниту една сфера од секојдневието на граѓаните, што, како што рече, придонесува за нискиот рејтинг на владеачката гарнитура.

-Затоа, во 5 до 12 се обидуваат да ја сокријат нивната неспособност со чистење на отпад, со садење на 2-3 дрвца на ударни локации во градот. СДСМ во Штип не само што направија изборен инженеринг, туку со манипулирање на граѓаните сакаат да сокријат дека немаат исполнето ниту 30% од нивните предизборни ветувања. Затоа, „Живот за сите“ и „Во сигурни раце“ ќе останат запаметени како збир од најголемите лаги на кои посведочиле моите сограѓани, вели Јорданов.

 

01.06.2021 - 18:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега