Јорданов: Граѓаните ќе ми бидат партнер во моето работење и заедно ќе ги креираме политиките и програмите за решавање на нивните проблеми

Кандидатурата за градоначалник на општина Штип, ја прифатив затоа што имаме обрска спрема Штип, живееме во центарот на источна Македонија, кој што полека но сигурно го губи приматот центар на источна Македонија, вели кандидатот за градоначалник на општина Штип од ВМРО-ДПМНЕ, Иван Јорданов. Тој, во своето дебатно соочување заедно со другите кандидати за градоначалници на националниот серсвис МРВ1, истакна дека жали затоа што градот, во изминатите години не наликува на тоа што сите посакуваат, на среден и просперитет град и затоа тој е подготвен целосно да се послети и вложи за да го направи она што од него очекуваат граѓаните.

„Мораме да се вложиме и мораме да го направиме она кое што граѓаните го бараат од нас. Јас жалам што во последните неколку години Штип не наликува онака како што сите посакуваме. Штип мора да ја промени инфраструктурата, мораме да ја подобриме заеднички со повеќе вложување, со повеќе насочување на енергија“, истакна Јорданов.

Тој посочи дека негова мотивација е желба граѓаните да ги направи партнери во своето работење и заедно со нив да ги изготвуваат политики и програмите за решавање на сите проблеми и предвизици со кои ќе се соочат општината и граѓаните. Јорданов додаде дека и неговата предизборна програма со која го бара гласот на штипјани, ја креирал заедно со граѓаните и истата нуги решенија за нивните потреби. „Моја мотивација, моја желба е заедно со нашите партии да склучиме заеднички договор, да склучиме коалиција со народот, тие да ги креираат политиките, тие да ја креираат изборната програма онака како што ние сега ја спремивме нашата програма со која излегуваме на овие избори, која е во нивен интерес и со која треба да се решат проблемите на граѓаните.

Тоа е најсилната мотивација која што човек може да ја има за да се вложи за сопствениот град“, истакна Јорданов. Тој додава дека, токму затоа во нивната изборна програма предвидувваат подобрување на состојбата во градот од најразлични сегменти и аспекти, како на пример, подобрување на економската состојба, подобрување на инфраструктурата, подобрување на сите социјални содржини кои што се неопходни за сите негови сограѓани. А сето ова во последните години во Штип не може да види и токми затоа евидентна е потребата за промени во градот зато што граѓаните се безнадежни и разочарани од актуелната состојва со актуелното раководство.

„Она кое што Штип го заслужува, во годините кои што изминаа не успеавме да го видиме и затоа не постои поголема мотивација за човек, да направи нешто добро за сопствениот град, да направи нешто добро за сопствените граѓани со кои што секојдневно се гледа. Потребата е евидентна, потребата е дека мора да се случат промени, затоа што луѓето веќе се безнадежни, разочарани од актуелната состојба која што секојдневно ја гледаат“, порача Јорданов.

02.10.2021 - 21:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега