Јорданската армија убила 27 криумчари кои се обиделе да влезат од Сирија

Јорданската армија убила 27 лица осомничени дека се шверцери кои се обиделе да влезат во земјата од соседна Сирија, соопшти денеска војската.
 

Во соопштението на армијата се наведува дека се спречени неколку обиди за шверц на дрога од Сирија во Јордан, а запленето е и поголемо количество наркотици.

Неколку лица се повредени.

Војската најави дека ќе продолжи силно да се бори против каков било обид за шверц преку јорданската граница.

Во Јордан живеат повеќе од 650.000 бегалци од Сирија, која беше погодена од граѓанската војна

27.01.2022 - 15:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа