Јосифовски: Со редарите ќе настане хаос во угостителските објекти

Сите лица кои ќе сакаат да присуствуваат на настани каде има повеќе од 30 лица ќе мора да покажат сертификат дека примиле барем една доза на вакцина.

-Проблемот ќе настане не само во проверката на гостите туку и во проверката на инспекциските служби, кои со законските прописи немаат надлежност да вршат проверка на гостите и идентификација дали се вакцинирани или не. Па затоа, доколку не се избработи или не се укине оваа предложена мерка ќе настане голем хаос во смисол на начинот на посета на угостителските објекти, со што ќе се оневозможи нормалното функцционирање на самите угостители, вели за Алфа, претседателот на Независната угостителска комора, Здравко Јосифовски.

Според него останува дилемата и дали и како т.н. редари ќе можат да проценат дали сертификатот за вакцинација е автентичен на лицето кое го покажува? Како ќе се утврдува одговорност и кој ќе одговара ако сертификатот е лажен? Колку ќе ги чини угостителите ваквиот начин на функионирање? Неопходни се прецизни одговори за мерката да биде применлива.

10.08.2021 - 09:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега