Јовановски: Општина Прилеп со набавка на 600 компјутери и 720 таблети ги поддржува реформите во образованието

Општина Прилеп инвестираше околу 20 милиони денари за набавка на 600 компјутери и 720 таблети за наставниците и ученици во основните и средните училишта и на тој начин ги поддржуваме реформите во образованието, кажа градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јовановски на граѓанската трибина „Најдоброто за нашата општина“.

 

-Граѓаните знаат да направат разлика меѓу доброто и лошото, меѓу прогресивното и деструктивното. Во таа насока се реформите во образованието, односно дигитализацијата со која нашиот образовен систем го приближуваме до европскиот, вели Јовановски.

Тој на трибината повтори дека во последните години речиси и да нема училиште во градот кое нема нов лик.

-Со вложените 25 милиони денари во основото образование и 9 милиони во средното, ги подигнавме условите за изведување и слдење на наставата на повисоко ниво, кажа Јовановски.

 

 Градоначалникот на Прилеп додаде дека екологијата и заштитата на животната средина се во нивниот фокус, а за тоа говори и податокот дека во 2018 година Прилеп беше прогласен за најеколошки град во државата. Помеѓу проектите во полето на екологијата, градоначалникот Јовановски ги издвои пречистителната станица за води, со која градинарските и земјоделските производи добија еколошки предзнак, како и набавката на 4 нови возила за подигање и транспорт на отпад, со што општината ја има најобемната примарна селекција на отпад.

14.06.2021 - 21:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега