Јовчески: Создаваме нова иднина - Ќе ги реконструираме влезовите на Прилеп

„Сигурно ќе се согласите со мене дека сообраќајот во Прилеп е секојдневен проблем на граѓаните кој го засега буквално секој кој е вклучен во сообраќајот и како возач, но и како пешак или велосипедист.
 
Мотивирани од Вашите предлози, а во соработка со професионалци на тоа поле, во нашата програма вклучивме неколку решенија на овој проблем со којшто сме сигурни дека сообраќајот ќе се растерети, а исто така ќе се зголеми и сигурноста на учесниците во сообраќајот.
 
Затоа, гордо ви ги претставувам проектите за изградба на кружни текови и тоа на локации кои во моментов претставуваат најголем проблем тоа се: кружен тек кај зграда Табана, кружен тек кај Тинекс, кај новата автобуска станица како и изработување на техничка документација за кружен тек кај Градска кафеана“ - вака кандидатот за градоначалник на Прилеп, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Борче Јовчески го започна денешното обраќање во јавнвоста.
 
Тој во своето обраќање истакна дека со кружните текови покрај тоа што ќе се растеретел сообраќајот, ќе се намали и времето на чекање на граѓаните, но како што рече, ќе придонесе и за почист воздух во градот и поздрава животна средина, спречувајќи ги возилата кои се во чекање на семафори.
 
„Покрај овој значаен проект би сакал да го напоменам и проектот за комплетна реконструкција на влезовите во градот. Ќе се согласите дека Прилеп заслужува да изгледа европски, но не само тоа, туку и да има функцинонална инфраструктура.
Свесни сме дека правецот Крушево–Прилеп, како и влезот од Македонски Брод до Прилеп, изгледаат секако само не е европски, па затоа ќе ги реконструираме и тоа не само во патната инфраструктура туку и ќе направиме велосипедска и пешачка патека“-истакна кандидатот за градоначалник на Прилеп.
  

30.09.2021 - 12:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега