ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје: Отпочната е дисциплинска постапка за вработената која денес предизвика инцидент

На 33 лица кои биле вработени, преку АПВ, во ЈП Комунална хигиена-Скопје кои месеци и години земале плата а не оделе на работа, денес им завршија договорите и истите не се продолжени. Ова го потенцираа во писмено соопштение до медиумите од ЈП Комунална хигиена Скопје, по денешниот инцидент до препријатието.

Исто така, оттаму соопштија дека отпочната била дисциплинска постапка за вработената, како што се наведува предизвикала инцидент.

„Во ЈП Комунална хигиена-Скопје мора да се стави крај на расипничкото трошење на парите на граѓаните и посветено да се работи на подобрување на услугите и исполнување на нашите обврски кон граѓаните.

Истовремено кон вработената во  ЈП Комунална хигиена-Скопје која денес предизвика инцидент веќе е отпочната дисциплинска постапка. Работниот процес мора да се одвива професионално и со почит кон секој. Претпријатието е отворено и транспарентно за сите граѓани и медиуми и во иднина нема да се дозволи недолично или несоодветно однесување во Претпријатието, а сѐ во насока на имплементација на реформи за подобри работни процеси во интерес на граѓаните“, стои во соопштението на ЈП Комунална хигиена.

08.08.2022 - 18:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега