ЈП Водовод и канализација објави згрозувачки фотографии: Ова се вашите влажни марамчиња фрлени во тоалет

ЈП Водовод и канализација – Скопје апелира до сите корисници на канализацискиот систем, во него да не се фрлаат отпадни материјали кои не се подлежни на разложување како што се влажни марамици, најлони, предмети од домаќинствaта и кабаст отпад, со цел да се заштити системот и нормално да функционира. Поради неправилното фрлање на отпадот настанува опасност од затнување и излевање на отпадната вода.

– Утрово, екипите на секторот Канализација, на улицата Никола Русински работеа на чистење и отпушување на шахти запушени како резултат на влажни марамици, даски и шипки, односно неодговорно однесување на корисниците. Апелираме ваквото неодговорно однесување да запре за доброто на сите корисници, како и заштита на средината во која живееме. Опасноста од ваквото однесување не е закана само за канализацискиот систем, туку е и закана по животната среднина и здравјето на луѓето – велат од секторот Канализација.

15.06.2021 - 08:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега