ЈП Водовод и канализација - Скопје и ЈП „Комунална хигиена“ со информација за тие што имаат заостанати сметки

 

ЈП Водовод и канализација - Скопје и ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје ги известуваат корисниците коишто имаат заостанат долг за потрошена вода и смет (тужен и редовен) дека имаат можност да го платат без пресметана камата за задоцнето плаќање.

- Можноста да се плати долгот без пресметана камата од страна на корисниците е со определено времетраење во рок од 20 дена, сметано од 15 октомври до 3 ноември 2018 година. Физичките лица и правните лица ќе може да го исплаќаат својот долг со склучување на договор до 24 месечни рати, во зависност од висината на долгот, се наведува во соопштението од ЈП Водовод и канализација – Скопје и ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје. 

 

 

 

11.10.2018 - 10:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега