Јутјуб затвора шест канали на американски десничарски активисти
Јутјуб им забрани на американски екстремни десничарски активисти да користат шест нивни канали, затоа што повеќе пати ги прекршиле политиките и правилата на платформата со кои се регулира говорот на омраза, јави британскиот весник „Гардијан”.
Забраната важи и за некои од најозлогласените екстремни десничари, вклучувајќи го и поранешниот лидер на Кју Клукс Кланот Дејвид Дјук, главниот идеолог на десничарскиот канал Алт-Рајт Ричард Спенсер и каналот „Расен реалист” Стефан Молонекс.
Со овие забрани, Јутјуб се приклучи на бранот на социјалните мрежи кои преземаат акции против говорот на омраза.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа