Кацарска: Тешко е да се каже дека во март ќе добиеме датум за старт на преговорите

Постои раздвижување во Европската Унија, но тешко е да се каже дека Франција би се согласила да добиеме датум за старт на преговорите во март, вели во Детектор, Симонида Кацарска од Институтот за европска политика „ЕПИ“.

-Постојат одредени раздвижувања меѓу земјите членки, пред се Германија и Австрија се тие кои што притискаат ова прашање да се разгледа и да се донесе одлука во март. Иако многу е веројатно дека и доколку таква одлука биде донесена таа ќе биде условена со усвојувањето на новата методологија бидејќи новиот пристап односно новиот документ кој што го промовираше комесарот Вархеј минатата недела се уште не е усвоен од земјите членки, тоа се уште не е финален документ, земјите членки треба се уште да се произнесат по истиот. Кога велиме земјите членки, тука сепак мора да имаме предвид дека прва која што имаше замерки во однос на процесот досега е Франција, од нив се добиваат релативно позитивни сигнали, но се уште сме далеку од тоа дека сме сигурни дека Франција се согласила на одлука во март, вели Кацарска за Детектор.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.02.2020 - 17:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега