Кадиевска Војновиќ: Има повеќе економски аргументи за избори бидејќи оваа Влада покажа неспособност во справување со кризи

Владата милува да каже дека инфлацијата е увезена. Најголем дел од инфлацијата е увезена, меѓутоа има и компоненти од инфлацијата и од овој раст на цени што ни се случи коишто беа условени од самото дејствување на Владата, изјави членката на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Маја Кадиевска Војновиќ во вечерашното гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Телевизија Алфа.

„Инфлацијата е повеќе од 10 проценти и платите минимално треба да бидат усогласени со инфлацијата. Доколку платите не се усогласени со оваа висока инфлација тоа значи дека реалната моќ на платата ни е намалена“, кажа Кадиевска Војновиќ

Кадиевска Војновиќ посочи дека има повеќе економски аргументи за избори.

„Прво оваа Влада покажа неспособност во справување со кризи. На сите ние јасно дека не се справи добро во кризата со пандемијата ниту со здравствената и економската криза предизвикана од панедемијата. Ние остваривме и пад на БДП од 6,1 проценти што историски гледано тоа е втор најдлабок пад во историјата на Македонија“, рече Кадиевска Војновиќ.

Кадиевска Војновиќ потенцираше дека ние во 2 години имаме најголема акумулација на јавен долг имаме и највисоки дефицити од сите земји во регионот и со ребалансот оваа година ние продолжуваме со тоа што првиот дефици којшто требаше да е понизок сега е повисок.

Таа истакна не е оправдување енергетската криза и инфлацијата, бидејќи вчера владата ги прекина мерките за  0 проценти на прехрамбени производи, акзиците и  10 проценти за нафтени дериваи ДДВ.

Владата не требаше да ги прекине овие антикризни мерки, тие требаше да останат со пониски цени на нафтени деривати заради намалување на акциа“, рече Кадиевска Војновиќ.

Таа додаде дека на крајот од оваа година доколку ребалансот така и се реализира ќе имаме долг од 8.5 милијарди евра. Владата вика дека ќе креира нов долг од 1 милијарда 315 милиони евра, за да го покријат дефицитот кои не треба да го имаат.

„За четири месеци имаме буџетски дефицит од 75 милиони евра и наместо дефицитот владата да го намалува таа го зголемува дефицитот. Таа ќе се оправдува со трансферите за ЕСМ бидејќи ние моментално плаќаме субвенционирана струја. За овие четиири месеци ние имавме примена и антикризни мерки од страна на даночна страна“, рече Кадиевска Војновиќ.

02.06.2022 - 23:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега