Кадиров: Нашите борци систематски, компетентно и без брзање напредуваат на окупираната територија од Украинците

 

Чеченскиот лидер, Рамзан Кадиров денеска објави дека проруските сили ја презеле контролата на територијата на фабриката за градежен материјал „Кнауф“ во Соледар, регионот Донка.

„Сојузничките сили во градот Соледар ја презедоа контролата на територијата на фабриката Кнауф“ – напиша Кадиров на својот канал Телеграм, пренесува „Интерфакс“.

„Нашите борци систематски, компетентно и без брзање напредуваат на окупираната територија, принудувајќи го непријателот да ги напушти утврдените позиции. Очигледно, украинските трупи планирале да одржат долга одбрана. Меѓутоа, во реалноста, како и секогаш, се покажа дека е токму спротивното. Ништо не учат“ – напиша Кадиров на Телеграм.

09.08.2022 - 11:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега