Каевски: Арсовска 82 дена нема реализирано ниту еден проект

„Еден час денеска потроши Данела Арсовска, а не кажа ниту еден сработен, готов проект. Исто како што се празни првите 82 дена од нејзиниот мандат. Освен нивелирани шахти и мобилни тоалети, Арсовска нема реализирано ниту еден, повторувам – ниту еден конкретен крупен проект. Мостот во Аеродром досега требаше да биде завршен. Обновата на Универзалната сала. Бесплатниот превоз за скопјани. Треба да бидат завршени реконструкциите на 10-ина улици“, истакна Дарко Каевски, пратеник на СДСМ, на денешната прес-конференција.

Поминаа 82 дена од мандатот, потсети Каевски, а наместо решенија и проекти, како што рече, граѓаните на Скопје од Арсовска виделе само партизација на градската администрација и изземање од одговорност за своите надлежности.

„Во својот отчет денеска Арсовска заборави да спомене неколку работи што го одбележаа нејзиниот досегашен мандат: го прекина проектот ‘Бас рапид транзит’, ја закочи изградбата на двата нови моста, ја закочи Универзална сала, поништи оглас за вработување 20 пожарникари. Комплетно ги партизира јавните претпријатија, јавните установи и Град Скопје. Колку е партизирана работата на Град Скопје зборува и тоа што на денешниот отчет, наместо државната, на неколку секунди беше пуштена химната на ВМРО-ДПМНЕ“, нагласи тој.

По 82 дена, според Каевски, јасно е дека Данела Арсовска е најслабата градоначалничка на Скопје.

Скопје и неговите граѓани, додаде тој, не заслужуваат неспособна градоначалничка како што е Арсовска.

 

31.01.2022 - 15:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега