Каевски: Арсовска ја партизира градската администрација во вработување на 109 партиски кадри

Изминаа првите 82 дена од мандатот на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, а таа не реализираше ниту еден свој проект, вели Дарко Каевски, пратеник на СДСМ.

„Ниверлирање на една шахта и поставување на мобилни тоалети е досегашниот учинок на Арсовска.

Но затоа Арсовска овие 82 дена ги искористи да ја партизира градската администрација во вработување на 109 партиски кадри, а на директорски позиции во Јавните установи и претпријатија постави докажани партиски функциионери од ВМРО-ДПМНЕ.

Еден од нив е и Златко Перински, сегашен директор на Водовод и канализација кој претходно беше шеф на кабинетот на Христијан Мицкоски.

Арсовска не само што не воведе бесплатен јавен превоз, туку воведе нов билет од 120 денари во ЈСП, а претходно го прекина проектот Бас рапид транзит за кој беа обебзедени пари од Европската банка за обнова и развој.

Додека скопјани мака мачеа со кризата за топлинска енергија, Арсовска се прогласи за ненадлежна и ги игнорираше проблемите на граѓаните.

Партизација на Градот, прекинување проекти и изземање од одговорност за своите надлежности е се што Арсовска направи во овие неполни три месеци од мандатот.

Исто како и другите градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска работи на штета на интересите на градот и граѓаните.

По првите 82 дена од мандатот, секому му е јасно дека Арсовска е најнеуспешниот градоначалник на Скопје“, додава тој.

30.01.2022 - 12:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега