Каевски: Фридом Хаус ги потврди успешните политики на Владата

Државата се движи во добар правец и тоа е препознаено и потврдено од меѓународни релевантни организации. Најновиот извештај на Фридом Хаус, нотира  напредок на РС Македонија од три поени во споредба со минатата година, рече денеска пртатеникот од СДСМ Дарко Каевски.

– Генералната оценка на најновиот извештај на Фридом Хаус е дека Владата на повторно избраниот премиер Зоран Заев направила пресврт во однос на повеќегодишното претходно уназадување на демократијата. Ова, почитувани граѓани е силен и неоспорлив доказ за успешните политики на СДСМ и премиерот Заев, за слободата и демократијата која сега ја живееме. Во Извештајот е потенциран новиот забележителен напредок на нашата земја, пред сѐ во поглед на изборите, стабилниот напредок во реформите, како и активната вклученост на медиумите и граѓанското општество во интензивниот јавен дискурс. Забележан е прогрес во поддршката на граѓанското општество со јасна забелешка дека дел од граѓанските организации и натаму укажуваат на притисок врз нивното работење од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Фридом Хаус нотира дека е потребно да продолжи практикувањето на законските можности за зајакнување на независната работа на судиите – рече пратеникот.

Тој додаде дека Извештајот констатира дека работата на невладините организации е слободнa и безбеднa со сериозни промени за разлика од периодот до 2017 година и дека е нотирано дека расте бројот на критички и независни медиуми, особено на онлајн платформите.

– Времето кога нашата татковина беше препознаена како заробена и изолирана држава заврши со падот на режимот на ВМРО-ДПМНЕ и тоа е потврдено и од меѓунардони реномирани организации. Како одговорна партија предводник на институциите продолжуваме со креирање и реализација на мерки и политики што значат заштита и унапредување на човековите права и слободи и поголема демократизација на целокупното општество – рече пратеникот Каевски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.03.2021 - 13:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега