Кајмакоски се извини за двоглавиот орел: Јас не промовирам зло

Макдонскиот пејач Даниел Кајмакоски кој е дел од ТЛЗП, покажа двоглав орел на снимањето на емисијата, па дуби бурни реакции за гестот.

Даниел изјавил дека телото случајно го наместил во таа положба и позирал така, без да сака да го направи знакот на двоглавиот орел.

- Се извинувам на цела Србија, се извинувам на сите граѓани повредени од мојот гест. Не ми беше тоа намерата никако, ја случајно ги прекрстив така рацете без да забележам. Изгледа како да ја поддржувам Голема Албанија, но јас ја сакам Србија, не ми беше тоа намерата. Сите кои ме познаваат знаат дека сум последен кој би го поддржал тоа, вели Кајмакоски за Информер.

Вели срам му е што бил изманипулиран да биде сликан така како да промовира зло.

- Позирав така да се види дека ми се налакирани ноктите за улогата, навистина тоа не беше моја намера, додава Даниел.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.10.2019 - 09:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега